„Слободен печат“: САД очекуваат брз почеток на преговорите ЕУ-Македонија

4 mins read

Во печатеното издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:

 

Хроника

Недвосмислен став на Вашингтон кон бугарското вето: САД очекуваат брз почеток на преговорите ЕУ-Македонија

-Премногу се одолговлекува одржувањето на меѓувладината конференција. Исполнивте тешки задачи, ги исполнивте реформите и заслужувате брзо да напредувате. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ – изјави вчера во Скопје помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид.

Опозиционерот Мицкоски со ултиматум до премиерот Ковачевски: Предвремени избори или „невидени“ чекори од ВМРО-ДПМНЕ

– Четири тима од членови на ВМРО-ДПМНЕ и докажани стручњаци за економија, надворешна политика, образование и здравство бесплатно да и помагаат на Владата до почетокот на предверемите избори, предлага опозицискиот лидер Мицкоски.  Посета Претседателот на македонското Собрание испрати пораки од украинската Рада

Претседателот на македонското Собрание испрати пораки од военото подрачје: Џафери вети македонска помош за обнова на Украина

Ќе се приклучиме и кон намерите за обнова на Украина по завршувањето на оваа бесмислена војна. Имавме прилика да ги видиме злоделата на Руската Федерација и по оваа посета ќе се ангажираме тие злодела да добијат соодветно име, и никакво друго име освен геноцидни дела, истакнал Џафери

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го ретушира „крвавиот четврток“: Прикаските за „уставобранителите-жртви“ водат кон нови насилства и конфронтации

-Наместо опозициската партија да се срами од најмрачниот и најгрозоморниот ден во кусата повеќепартиска парламентарна историја на Македонија, гледаме дека сè уште „го вози истиот филм“. Тоа само ја турка ВМРО-ДПМНЕ порадикално на политичката сцена, велат аналитичари.

Осум години од злосторството кое беше амнестирано во парламентот: Масакрот кај Вејце опоменува и обврзува – воените злосторства не застаруваат!

-Со поклонување пред спомен обележјето во нивна чест во касарната ,,Илинден“ во Скопје, си спомнуваме за жртвата на припадниците на Армијата и на припадниците од составот на МВР, што нѐ обврзува да си ја сакаме и чуваме татковината, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска.

 

Економија

Глобалните случувања тропаат на наша врата: Се очекува намален економски раст и зголемена инфлација

– Од Европската инвестициона банка стигнаа позитивни најави во однос на финансиска поддршка за да се надмине и оваа криза. Во фокус е помошта за зелената транзиција.

 

Свет

Русија им упати јасна порака на земјите од Европската Унија: Заканата на Кремљ ја подели Европа

– Неколку европски компании кои се меѓу најголемите европски увозници на руски гас, се подготвени да го исполнат барањето на Москва, гасот да се плаќа во рубљи.

 

Скопје

Продолжува кражбата на вода: За три месеци откриени 25 диви приклучоци, граѓаните потрошиле  43.863 м3 вода без да платат

-Во случај екипи на јавното претпријатие да откријат див приклучок или непријавен водомер, на корисникот му даваат опомена и рок од три дена за легализација, односно пријавување на приклучокот во Сектор за технички развој, по кој рок доколку не се постапи по основ на опомената, тие се исклучуваат.

 

Спорт

Во пресрет на решавачкото дерби Еурофарм Пелистер – Вардар 1961: Ристовски: Да победиме во најважниот меч и да ја освоиме титулата

– Според голманот на црвено-црните, Вардар в недела во Битола го игра својот најважен меч во последниве неколку сезони, а противник му е Еурофарм Пелистер. Вардар мора да победи за да ја сочува титулата во Суперлигата

 

Мозаик

Што прави денеска: Ивица Димитријевиќ, актер

Димитријевиќ не е само актер, туку и режисер, музичар и концептуален уметник кој постојано твори

 

Специјален прилог за филм и ТВ-програма

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ким Бејсингер прозборе за разводот со Алек Болдвин и како тоа влијаело на нивната ќерка Ајрленд

Следно

Британци дивееле низ Центар и навредувале полицајци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian