Пратеничката од редовите на СДСМ и поранешна заменичка на министерот во Труд и социјала, Санела Шкријељ, во вечерашното издание на емисијата „24 анализа“ рече дека од 2017-тата наваму, нема година во која што немало зголемување на платите на кадарот во образованието.
„Двапати по 5%, 10%, минатата година за првпат колективен договор за вработените во високото образование и сега како никогаш претходно 12% понуда за зголемување. Да не ги извртуваме тезите. Владата има слух и средства. Понудата е на маса. Апсолутно се почитува правото на штрајк, но и исто така право е правото на образование. Апелите беа да се продолжи да се преговара, но да продолжи наставата за да може учениците да си ги завршат обврските. Јас ги видов изјавите на тие што се пред СОНК, меѓутоа знам дека поголемиот дел од наставниот кадар ја почитуваат денешната одлука. Наставниците не постојат сами за себе, рече Шкријељ.