Шаќири: Во преговорите со СОНК секогаш имавме добри намери, најважно е да има настава

1 min read

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вечерва изјави дека властите имале добри намери во во процесот на преговори со Синдикатот за образование и наука (СОНК).

„По денешниот ден, има реакции зошто е постапено по оваа насока, претежно од граѓаните и наставници. Ние бараме мирно решавање и можеме да отвораме да отвориме дискусии, но најважно е да има настава. Бевме блиску до решение. Согласноста се постигна и очекувавме СОНК да го прифати предлогот од 12% покачување на платите“, рече Шаќири во емисијата „Вин-вин“ на Телма.

Министерот додаде дека во дискусијата се отворени неколку теми.

„Во целиот процес кажав дека како социјални партнери сакаме решение. Тоа што беше во делот на СОНК и сите треба да ги гледаме правата и обврските. Ќе продолжат разговорите и нема застанување тука. Неделков денес се повикува на 20 дена рок на Законот за мирно решавање на работните спорови“, посочи Шаќири.

„Го почитувам СОНК и наставниците, но по одреден временски период, мојата доверба беше во тоа дека ние имавме прилика дека процесот ќе го завршиме уште претходно, ако се знае дека порано процентот од 10% беше позитивен“, рече министерот за образование.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Временски приказ на романсата помеѓу Илон Маск и Амбер Херд

Следно

Шефот на ОН: Советот за безбедност „не успеа да стори се што е во негова моќ за да стави крај на војната во Украина“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian