Приведени дилери во Скопје, пронајдена дрога

1 min read

На 27.04.2022 во 21.00 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода К.А.(28) и Н.Д.(31), двајцата од Скопје.

При преглед кај нив и при претрес во домот на К.А., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, неколку пакувања марихуана и дигитална вага со остатоци од дрога.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

skopjeinfo.mk

Претходно

Русија суспендирана од Светската туристичка организација

Следно

Ердоган во посета на Саудиска Арабија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian