Покетино ги нервира газдите на ПСЖ, нема намера да си оди

1 min read

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, најави дека ќе остане во францускиџот шампион и следната сезона со со што ги отфрли шпекулациите за негово заминување.

Аргентинецот порача дека 100 отсто е сигурен дека и следната сезона ќе седи на клупата на ПСЖ, а додаде дека и Килијан Мбапе ќе остане на „Паркот на принцевите“.

– Останувам 100 отсто во ПСЖ, исто како и Мбапе – кратко одговори Покетино.

Веднаш по елиминацијата на ПСЖ во Лигата на шампионите од Реал Мадрид, француските медиуми објавуваат дека Покетино ќе добие отказ на крајот од сезоната и најверојатно ќе биде заменет со Зинедин Зидан или Антонио Конте.

Сопствениците на ПСЖ, кралското катарско семејство му замеруваат на Покетино за неуспехот во ЛШ бидејќи сметаат дека тимот во кој играат ѕвезди како Нејмар, Мбапе, Меси, Рамос, Верати, Донарума, треба да ја освои титулата во елитното клупско натпреварување и поради тоа најавуваат негов отказ.

Но, за да се разделат од Покетино ќе мора да платат дебела отштета бидејќи Аргентинецот им порача дека нема намера да си оди.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дритан Абазовиќ е нов премиер на Црна Гора

Следно

ФОТО | Две генерации гламур: Салма Хајек и ќерка ѝ Валентина ја красат насловната на „Vogue“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian