ЈП Градски паркинг- Скопје ги отстрани непрописно паркираните возила во паркот Ибни Пајко

1 min read

Стручните служби од Сектор пајак на ЈП Градски паркинг- Скопје, во соработка со надлежните вчера отстранија непрописно паркирани возила на јавни површини во централното градско подрачје, поточно во паркот Ибни Пајко.

Апелираме до граѓаните да не паркираат на јавни и зелени површини. По сите непрописно паркирани возила ќе биде соодветно постапено од страна на службите на претпријатието во соработка со Град Скопје и службите од локалната самоуправа, порачаа надлежните од претпријатието. 

skopjeinfo.mk

Претходно

СЗО: Бројот на случаи на сипаници во светот во голем пораст

Следно

ВИДЕО: Крај на сезоната за Јокиќ, „воините“ пресилни за Денвер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian