Францускиот репрезентативец Осман Дембеле е подготвен да потпише нов договор со Барселона и тоа за помала плата само за да остане на „Камп Ноу“, пишува „Скај“.
Оваа вест претставува пресврт во развојот на настаните околу Дембеле бидејќи фудбалерот во јануари беше ставен на трансфер листата откако одби да потпише нов договор. Французинот не беше задоволен од понудените услови и се закани со заминување на крајот од сезоната кога му завршува договорот.
Но, тренерот Чави Ернандез, не се согласуваше со одлуките на управата на клубот и редовно му дава шанса на Дембеле да игра, а фудбалерот му возврати со одлични игри.
Според „Скај“, Дембеле го променил мислењето и сега сака да остане во Барселона откако во зимскиот преоден рок на „Камп Ноу“ пристигна неговиот добар пријател Пјер-Емерик Обамејанг со кого играше заедно и во Борусија Дортмунд.