Најавено продолжение на Бетмен: Роберт Патинсон се враќа во улогата на витезот на темнината

2 mins read

Новата верзија на Бетмен сè уште ги доминита светските кино сали, па во студиото на Warner Bros. очигледно се задоволни од резултатите што ги постигнува филмот на благајните бидејќи веќе го најавија продолжението.

Веста беше потврдена на CinemaCon од студиото, а во улогата на витезот на темнината се враќа Роберт Патинсон, додека режисерската палка повторно ќе ја преземе Мет Ривс. Датумот на прикажување на филмот не е наведен, а не се објавени ниту детали поврзани со приказната.

„Возбуден сум што ќе се вратам во овој свет за следното поглавје“, изјави Ривс, кој не само што ќе режира, туку и ќе напише продолжение, пренесува „The Holywood Reporter“.

Warner Bros. со Бетмен се врати на прикажување филмови исклучиво во кината по повеќе од една година истовремено објавување на филмовите на нивниот сервис за стриминг HBO Max.

ГАЛЕРИЈА | Премиера на новиот филм за Бетмен: Роберт Патинсон и Зои Кравиц блеснаа на црвениот тепих

Филмот заработи околу 760 милиони долари во светските кина за време на релативно краткото прикажување од 45 дена, а започна да се прикажува на HBO Max минатата недела. И во иднина Warner Bros. планира да ги задржи своите нови филмови во кината 45 дена пред да ги стави на платформата за стриминг.

Новиот Бетмен руши рекорди: Над 100 милиони долари заработка за два дена!

Првиот филм беше пофален и од критичарите и од публиката, а расположениот и ранлив портрет на ликот на Патинсон импресионираше многу обожаватели. Ѕвездената екипа на првиот филм ги вклучуваше, покрај Патинсон, Зои Кравиц, Пол Дано, Енди Серкис, Колин Фарел и Џефри Рајт.

ФОТО | Роберт Патинсон откри како се подготвувал за фигурата на Бетмен: Ја броев секоја голтка вода

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Крај на сезоната за Јокиќ, „воините“ пресилни за Денвер

Следно

ВИДЕО | Андоновски: Ако граѓаните не видат ЕУ да испорачува, евроскептицизмот ќе произведе анти-ЕУ партии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian