МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога против Феникс 2010

1 min read

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа со 78:70 на гости против Феникс 2010 во рамки на третото коло од Суперлигата. „Металците“ подобро го отворија натпреварот и на стартот од втората четвртина дојдоа до предност од 20 поени (31:11).

Но, кошаркарите на Феникс предводени од искусниот Бојан Трајковски, полека се „враќаа“ во натпреварот и во финишот од втората четвртина дојдоа до едноцифрена негатива (35:44). Третата четвртина им припадна на „металците“ кои направија предност од 16 поени (66:48), но и тоа не беше доволно да се скрши отпорот на кошаркарите на Феникс.

Трајковски постигна седум поени во серијата од 11:0 на неговиот тим со која дојдоа до 59:66. Потоа погодија и Михајловски и Стојановски за минус два (66:68) на три ипол минути до крајот.

Но, во наредните три минути кошаркарите на Феникс останаа  „останаа без муниција“ и тоа го искористи шампионот кој со серија од 7:0 дојде до недостижни 75:68.
Кристијан Николов го предводеше МЗТ Скопје со 12 поени, додека 10 поени додаде Ајви. Во редовите на Феникс блескаше Бојан Трајковски со дабл-дабл од 25 поени и 16 скока.

Кошаркарите на Еуро Никел славеа со убедливи 87:73 против ТФТ и направија исчекор кон освојување на третата позиција пред стартот на плеј офот. Бранислав Џекиќ со 22 поени и 9 скока беше најдобар кај Еуро Никел, Соколов даде 21 поен,а  Томиќ имаше дабл-дабл од 14 поени и 10 скока. Во редовите на ТФТ најдобар беше Ландриус Хортон со 19 поени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Советот на Европа бара формирање на казнен суд за злосторства во Украина

Следно

Тетовци ќе мораат пак да гласаат за општински советници, завршната сметка не била усвоена навреме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian