Македонецот Зоран Петровски победи на бугарското шоу „Survivor“

1 min read

Зоран Петровски е победник на шестата сезона на бугарското шоу „Survivor“, пренесуваат бугарските медиуми.

Македонскиот режисер, кој глумел и во бугарската тв серија „Под прикритие“, каде ја запознал својата сопруга, актерката Силвија Петкова прво ги прегрнал неа и нивниот син кога водителот Владо Карамазов соопштил дека токму Зоран е победникот. Тој ја доби и главната награда од 150.000 лева.

„Чувството е одлично. Ви благодарам! На Филипините се споив со местото, со природата и играта. Бев свој од почеток до крај“, изјави Зоран по победата.

До финалето стигнаа само тројца учесници кои најдобро се снаоѓаа во филипинската џунгла цели 43 дена, надмудрувајќи ги останатите дваесет учесници со својата итрина, упорност и среќа.

Според правилата на шоуто, жирито составено од претходни учесници од тековната сезона, гласаа за победникот. Доколку гласовите беа изедначени, гласањето немаше да се повтори, а одлуката за тоа кој ќе ја добие наградата ќе ја донесеше публиката. Сепак, се покажа дека Зоран е неприкосновен победник со најмногу гласови.

Гласањето се одржа на Филипините и во емисијата се гледаше дека Владо Карамазов ја зема гласачката кутија и ја однесе во студиото каде што се емитуваше во живо во Софија.

Се испостави дека повеќето го сакаат Зоран и мислат дека тој ја направил сезоната повозбудлива. Зоран за бугарските медиуми истакна дека штом се вратил дома по снимањето заборавил на сè.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албанските демократи ќе учествуваат во изборот на нов шеф на државата

Следно

Ковачевски – Донфрид: Со отворање на преговорите ЕУ да ги препознае ефективните политики на РС Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian