„Маалски драмски разговори“: Одбележана 70-годишнината од раѓањето на Горан Стефановски

2 mins read

Општина Центар ја одбележа 70-годишнината од раѓањето на македонскиот литературен деец и еден од најпознатите дебармаалци, Горан Стефановски. Во рамки на одбележувањето, уметникот Блаже Атанасков изработи мурал со ликот на Стефановски на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“, а во паркчето спроти општинските бараки се одржа театарски перформанс, наречен „Маалски драмски разговори“.

Авторите Васил Христов, Викторија Рангелова – Петровска, Русе Арсов, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабанович беа дел од театарскиот перформанс, читајќи делови од драмите на Стефановски.

„Новиот мурал на Стефановски, изработен од уметникот Блаже Атанасков, кој ќе го краси неговото и наше Дебар Маало е еден мој, личен симболичен гест, чија изведба му оддава почит на еден од најголемите и најпознати центарци“ – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Фото: Општина Центар

Исто така, градоначалникот не пропушти да потсети дека семејството Стефановски води потекло токму од Дебар Маало, кое е нераскинлив дел од творештвото на писателот.

„Дебар Маало е и нераскинлив дел од неговото литературно творештво. За значењето на Горан не треба да се трошат дополнителни зборови. ‘Диво месо’, ‘Дупло дно’, ‘Лет во место’, ‘Тетовирани души’, ‘Демонот од Дебар Маало’, се само дел од капиталните дела, не само на Стефановски, туку и на цела современа македонска драматургија“ – изјави Герасимовски.

Фото: Општина Центар

Пред три години, Општина Центар, заедно со семејството на Стефановски и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, засади чинар и подоцна го постави спомен обележјето со клупата на писателот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Здравствениот инспекторат уништи небезбедни детски кукли и играчки шминки

Следно

Српска „Политика“ ја нарече посетата на бугарската делегација во Битола „фашистички марш“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian