Куман го пецна Чави: Барселона со мене беше на минус осум, а сега на минус 15 од Реал

1 min read

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман изјави дека каталонскиот клуб под негово водство бил поуспешен сезоната отколку со Чави Ернандез на клупата, кој го наследи Холанѓанецот во ноември минатата година.

Куман минатата сезона не успеа да ја освои титулата во Ла Лига и мораше да се задоволи само со трофејот во шпаскиот Куп, а сега вели дека Барселона под негово водство имала помала негатива од лидерот на табелата Реал Мадрид, само осум бода, додека сега негативата е речиси двојно поголема.

– Немав поддршка од претседателот. Се надевам дека Чави ја има бидејќи е легенда на клубот. Ситуацијата во Барселона е иста како кога бев јас и менувањето на на тренерот не се покажува секогаш како добро решение. Кога ја напуштив Барселона, разликата беше осум бода, а сега двојно повеќе – рече Куман.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шефот на ОН: Советот за безбедност „не успеа да стори се што е во негова моќ за да стави крај на војната во Украина“

Следно

Ја менува модната индустрија: Кога бев помлад, се срамев од моите пеги, но научив да ги сакам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian