Инфлацијата во Германија највисока во последните 40 години

1 min read

Цените во Германија се зголемија со најбрзо темпо во изминатите четири децении, покажаа податоците објавени денеска, пред се поради руската инвазија врз Украина што влијаеше врз зголемување на цените на енергенсите. Инфлацијата се искачи на 7,4 отсто во април од 7,3 отсто во март, според федералната агенција за статистика Дестатис.

– Цените на енергијата, значително се зголемија од почетокот на војната во Украина со штетно влијание врз инфлацијата, се вели во соопштението на Дестатис.

Последен пат цените пораснаа со побрзо темпо во Западна Германија во есента 1981 година, поради Иранско-ирачката војна што беше причина за „нагло зголемување на цените на нафтата“. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Јовески: Обвинителите не се под ничие влијание

Следно

Општина Кисела Вода започнува со реконструкција на сите улици во Пржино

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian