Грција го укинува европскиот сертификат за влез во земјата од 1 мај

1 min read

За влез во Грција од 1 мај нема да биде потребно приложување на задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан ковид-19 или негативен тест. Ваквата одлука била донесена по препорака на Комисијата на епидемиолози која меѓу другото побарала суспензија на ковид пропусницата, заедно со враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот.

Сите препораки на комисијата биле прифатени од Владата, а според насоките од Министерството за здравство, деталите ќе бидат објаснети во новата министерска одлука што ќе биде објавена во Службен весник на Грција.

Последната ваква одлука која беше донесена од грчките институции во сила е до 1 мај, во шест часот наутро.

Пред две седмици, министерот за здравство соопшти дека од 1 мај до 31 август привремено се укинува и задолжителниот сертификат за влез во речиси сите затворени објекти во земјата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Британци дивееле низ Центар и навредувале полицајци

Следно

„Љубовта“ меѓу Клоп и Ливерпул продолжува до 2026: Вљубен сум во ова место, во овој клуб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian