ФОТО | Две генерации гламур: Салма Хајек и ќерка ѝ Валентина ја красат насловната на „Vogue“

2 mins read

Актерката Салма Хајек и нејзината ќерка Валентина Палома Пино се најдоа на насловната страница на мајскиот број на мексиканското издание на „Vogue“.

Хајек е воодушевена од можноста да ја сподели оваа насловна страница со нејзината 14-годишна ќерка, нарекувајќи ја фотосесијата „одличен подарок (со подранување) за Денот на мајката“.

„Ги сакам овие убави фотографии од фотографот Нико Бастс и овој посебен момент со мојата Валентина“, стои во описот на фотографиите.

Меѓу другото, Валентина во разговорот со новинарската екипа на „Vogue“ се отворила за нејзините надежи да ги следи кариерните чекори на мајка ѝ.

„Јас сакам повеќе различни работи, но речиси секогаш се двоумам меѓу четири. Јас би сакала да бидам актерка, а потоа и режисерка бидејќи тоа е сѐ што ми има смисла“, изјавила младата и перспективна наследничка на Салма Хајек.

Салма Хајек и Валентина
Фото: Инстаграм, Салма Хајек

Исто така, тинејџерката споделила дека ја обожава креативната страна на шминкањето.

„Сакам шминкање, имам многу шминка, но не се шминкам за да бидам многу убава или за да ги прикријам моите недостатоци. Сакам да носам разнобојна шминка бидејќи сакам да ја истражувам“, изјавила Валентина.

Фото: Инстаграм, Салма Хајек

Валентина додала и дека не обрнува многу внимание на дизајнерските етикети.

„Точно е дека кога станува збор за облеката, јас ја сакам нејзината, но генерално секогаш го носам она што го сакам. Едвај го забележувам брендот“, изјави тинејџерката и додава: „Генерално, сакам и да комбинирам и да носам винтиџ парчиња“, споделила таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Покетино ги нервира газдите на ПСЖ, нема намера да си оди

Следно

Шкријељ: Никогаш претходно немало понуда за покачување од 12 отсто во образованието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian