Ердоган во посета на Саудиска Арабија

1 min read

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска престојува во дводневна посета на Саудиска Арабија.

Според кабинетот на турскиот претседател, Ердоган на средби со саудиски претставници ќе разговара за односите меѓу Анкара и Ријад, како и за начините за зголемување на соработката.

Односите меѓу двете земји беа нарушени по убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година, а Ердоган ги обвини „највисоките нивоа” на саудиската влада дека издале наредба за извршување на тоа дело.

Оттогаш Анкара значително ја ублажи својата реторика, а на почетокот на овој месец Турција одлучи да го префрли судскиот спор за убиството на новинарот Кашоги во Саудиска Арабија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведени дилери во Скопје, пронајдена дрога

Следно

ВИДЕО | Хејли Бибер откри што придонело за формирање на згрутчување во нејзиниот мозок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian