Бевме блиску до решение, но СОНК во последен момент ја смени одлуката, вели Шаќири

1 min read

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, во емисијата „Вин-вин“ на Телма вечерва рече дека во разговорите со СОНК биле блиску до решение, но СОНК во последен момент ја променил својата одлука.

„Ние бевме блиску до решение. На последниот состанок со претставничката на Европската конфедерација на образовни синдикати, се договоривме, па потоа СОНК ја промени својата одлука. Во оваа ситуација очекував во добар разговор помеѓу двете страни, и тоа го кажувам јавно дека тој разговор ние ќе треба да го продолжиме понатаму, како социјални партнери во разговорот не треба да застануваме тука. Ова е еден дел и една дискусија која за многу брзо време се случија многу работи“, рече Шаќири.

Тој посочи дека побарале од МТСП да најде медијатор кој во рок од 20 дена ќе може да издејствува решенија помеѓу СОНК, МОН и МТСП.

„Ние побаравме од МТСП да одбере помирувач во конкретната ситуација која го имаат известено СОНК. Во рок од 10 дена треба да заврши тоа, и имаме дополнителни 10 дена за арбитражно решавање на конфликтот“, изјави Шаќири.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ја менува модната индустрија: Кога бев помлад, се срамев од моите пеги, но научив да ги сакам

Следно

Во Украина досега загинале најмалку 22.800 руски војници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian