Американскиот долар на највисоко ниво во изминатите пет години

1 min read

Поради несигурноста на финансикиот пазар, вредноста на американскиот долар постојано се зголемува во споредба со референтните валути, достигнувајќи највисоко ниво во изминатите пет години.

Индексот на доларот што ја покажува вредноста на американската валута во однос на шест најважни светски валути изнесува околу 103,28 бодови, додека вчера тој однос изнесуваше 102,37 бодови.

Доколку доларот дополнително зајакне на 103,82 бода, тоа ќе биде највисока вредност на неговиот индекс од 2002 година.

Изутринава односот на доларот кон јапонската валута порасна од вчерашните 127,45 на 129,65 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се намали на 1,0525 долари што е најниско ниво во изминатите пет години. Еврото вчера изнесуваше 1,0635 долари.

Инаку, американскиот долар се смета побезбедно засолниште за капиталот во несигурни времиња.

Кога станува збор за нафтата на светските берзи, таа втор ден по ред е под зголемен притисок. Барелот нафта на Лондонската берза се намали за 1,52 отсто достигнувајќи 103,72 долари, додека на берзата во Њујорк барелот поевтини за 1,53 проценти и изнесува 100,46 долари.

kurir.mk

Претходно

Решение со Бугарија сега или никогаш!

Следно

Повеќе од половина од светот страда од ова нарушување, покажа анализата на бројни студии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian