ВИДЕО | Позитива на денот: Малата Оливија не се откажува од своите штиклички

1 min read

Симпатичното девојче Оливија Грејс има омилени чевли – нејзините мали, розови штиклички. Како и секоја дама, така и таа знае дека е прилично тешко да се оди на високи потпетици, но малечката Оливија не планира да се откаже од својот стил.

Нејзината мајка објавила компилациска снимка од смешните обиди на Оливија да оди исправено на своите штиклички, а објавата е вистински хит на платформата Тик-ток. Моментално, снимката има повеќе од 42 милиони прегледи и бројни коментари од корисниците кои слатко се насмеале со слатката и трапава Оливија.

Како што може да се види на снимката, малечкото девојче се обидува да оди облечена во пластичните штиклички и иако паѓа, таа не се откажува. Оливија неколку пати се лизнала, но ни тоа не ја обесхрабрило да ги облече чевлите за својата прошетка со семејството.

„Моето кутро девојче беше настојчиво да ги носи овие штиклички, чија цена е само еден долар“, објаснила нејзината мајка во описот на снимката.

@alyssarivera1120 My poor baby was DETERMINED to wear these dollar general princess heels! #toddlersoftiktok #princess #heels ♬ La Carcacha – Los Originales De Durango

ВИДЕО | Позитива на денот: Средба на куче и коњ која ќе ве разнежни

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тухел останува во Челси и следната сезона

Следно

„Слободен печат“: Решение со Бугарија сега или никогаш!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian