ВИДЕО: Мајами е пресилен за Атланта, „жешките“ во полуфиналето на Источната конференција

2 mins read

Кошаркарите на Мајами хит ја совладаа Атланта хоукс со 97:94 и обезбедија пласман во полуфиналето на Источната конференција.

Мајами со вкупни 4-1 во победи ја елиминира Атланта која минатата сезона играше во финалето во Источната конференција.

Следен противник на Мајами ќе биде подобриот од дуелот меѓу Филаделфија и Торонто (3-2).
„Жешките“ во петтиот натпревар беа лишени од услугите на најдобриот играч Џими Батлер, кој исто како и Богдан Бпгдановиќ на спротивната страна, не играше поради повреда на коленото.


Првото полувреме помина во израмнета игра се до крајот на втората четвртина кога Мајами направи серија 17:0 и поведе со 54:40. Мајами двоцифрената предност ја одржуваше е до финишот на натпреварот кога Атланта благодарение на Диандре Хантер успеа да ја врати неизвесноста, но „жешките“ со одлична игра во одбрана во последниот напад не дозволија натпреварот да замине во продолженија.

Виктор Оладипо со 23 поени беше најдобар во редовите на Мајами каде се истакнаа и Бам Адебајо со 20 поени и 11 скокови и Тајлер Хироу со 16 поени. Кај Атланта најрасположен за игра бее Хантер со 35 поени.


Најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната, Феникс санс со 112:97 беше подобар од Њу Орлеанс пеликанс и поведе со 3-2 во победи.
Најдобар во редовите на Феникс беше Микал Бриџис со 31 поени, додека Крис Пол имаше дабл-дабл од 22 поени и 11 асистенции.

Мемфис гризлис предводен од одличниот Џа Морант направи неверојатен пресврт во последната четвртина и славеше со 111:109 против Минесота за водство од 3-2 во победи.
Во последната четвртина Минесота имаше водство од 79:92, но Мемфис предводен успеа да се врати во игра.


Во финишот Џа Морант погоди за 111:109, а во последниот напад Карл-Ентони Таунс не успеа да погоди што значе триумф и водство на Мемфис од 3-2 во победи.
Џа Морант беше прво име во победата со 30 поени, 13 скокови и 9 асистенции, Дезмонд Бејн даде 25 поени, а Брендон Кларк даде 21 поен.
Кај Минесота се истакна Таунс со 28 поени и 12 скока, додека Едвардс даде 22 поени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дојави за бомби во училишта во Црна Гора, евакуирани и Општината и судот во Бар

Следно

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian