ВИДЕО: Ливерпул успеа да го пробие бункерот на Виљареал и во реваншот патува со два гола предност

1 min read

Фудбалерите на Ливерпул славеа со 2:0 над Виљареал во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите.

„Црвените“ пред своите гледачи дури во второто полувреме успеаја да го пробијат бункерот на гостите и со головите на Садио Мане и на автоголот на Еступињан.

Натпреварот помина во целосна доминација на Ливерпул и беше тотална спротивност од вчерашното полуфинале меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид каде паднаа седум гола (4:3), бидејќи играчите на Виљареал мислеа само на одбрана на сопствениот гол, а не да го загрозат Алисон.

Бункерот на Виљареал издржа во првото полувреме, но попушти на стартот од вториот дел кога во рок од две минути беа постигнати два гола. Прво, во 53. минута голот беше запишан како автогол на Еступињан по шутот на Џордан Хендерсон.

Само две минути подоцна, по акцијата на дуото Салах – Мане, одличниот сенегалски напаѓач по постигна својот 14 гол во Лигата на шампионите со што се израмни со Дидие Дрогба како најефикасни африкански фудбалери во елитното натпреварување. Реваншот е закажан за шест дена во Виљареал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вашингтон пост: Љубовницатa на Путин следна цел на санкциите на САД

Следно

ВИДЕО | Една од најчудните авиокомпании во историјата: Разголени девојки им правеле друштво на патниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian