ВИДЕО | Една од најчудните авиокомпании во историјата: Разголени девојки им правеле друштво на патниците

2 mins read

Авиокомпанијата „Hooters Air“ изгледаше како идеја која не може никогаш да пропадне, но таа го доживеа својот крај пред некој да може да го замисли тоа.

Се започнало во 2002 година, кога Роберт Брукс, шефот на ланецот ресторани „Hooters“, го купил „Pace Airlines“, чартер превозникот со флота од осум авиони, со големина на Боинг 737. Следната година го претворил во „Hooters Air“, авиокомпанија дизајнирана според истоимениот ланец на ресторани.

Освен поинаквото лого, разликата била и во тоа што две т.н. хостеси биле во авионот, се дружеле со патниците и играле со нив друштвени игри со разни награди. Нормално, тие биле прилично разголени кога ќе се земе во предвид дека биле персонал во авиокомпанија, а на себе носеле само маички на прерамки со длабоко деколте и портокалови шорцеви како и во рестораните. Девојките имало исклучително добар изглед, соодветен за таков вид на хостеси.

Тие тука не морале да ја сервираат храната, а немале ниту задачи кои вообичаено ги имаат стјуардесите. За тоа биле задолжени три стјуардеси со сертификат од Американската сојузна управа за авиација.

Седиштето на компанијата се наоѓало во Миртл Бич во Јужна Каролина, место за одмор познато по голф-игралиштата и одморалиштата. Тоа место останало без директни авионски линии по 9 мај 2001 година.

Поради ниските цени и директните врски со градовите како Атланта, Њуорк и Балтимор, „Hooters Air“ привлекле патници од секаков вид – главно голфери и туристи, но и семејства.

Тоа сепак не било доволно. Заработка немало, а веќе во 2006 година компанијата престанала со работа. За неславниот крај најмногу придонел растот на цените на горивата, кој беше забележан по ураганите Катрина и Рита.

Истата година Брукс бил пронајден мртов во својот дом.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ливерпул успеа да го пробие бункерот на Виљареал и во реваншот патува со два гола предност

Следно

Шилегов: На 27 април во Собранието еден дедо нѐ тепаше со чадор, му го купивме за 1.000 денари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian