Вардар и Е. Пелистер со победи го најавија неделното дерби

2 mins read

Двете најдобри екипи во македонската суперлига Вардар и Еурофарм Пелистер остварија победи во рамките на петтото коло од плеј-офот. Вардар славеше на гостувањето кај Охрид со 28:21, додека Е. Пелистер со 32:26 го совлада Тиквеш, пред големото неделно дерби што ќе се игра во Битола.

Ракометарите на Охрид 20-тина минути беа рамноправен противник на „црвено-црните“ и имаа 9:9 по што вардарци со серија 0:4 се одлепија на 9:13 во 25 минута, а до крајот на првиот дел предноста ја зголеми ја пет гола (11:16). Домаќините во вториот дел тргнаа поагресивно и таквата игра ги донесе на минус два (16:18), а потоа дојдоа и до 18:19. Но, „црвено-црните“ направија мини серија од 0:3 и рутински го приведоа натпреварот до крајот на натпреварот.

Најдобри кај Вардар беа Јоел Куни Моралес со седум и Филип Талески со пет постигнати голови, додека во редовите на Охрид се се истакнаа Филип Кривокапиќ со шест и Филип Николов со четири гола.

Рутинска победа остварија и лидерот на табелата Е. Пелистер кој со 26:32 славеше на гости кај Тиквеш. Домаќините имаа сили за отпор само во првото полувреме кое го добија до 16:15. Во вториот дел, битолчани заиграа подобро и во одбраната и во нападот, прво на средина од полувремето за прв пат дојдоа до два гола предност (18:20) и потоа не дозволија домаќинот да се врати во игра.

Јосип Божиќ Павлетиќ со гола беше прво име во победата на Е. Пелистер, додека Стипе Мандалиниќ даде девет гола, а кај Тиквеш се истакнаа Стефан Трпчевски со шест гола и Симиќ и Дрогришки кои дадоа по пет гола.
Големото дерби помеѓу Е. Пелистер и Вардар ќе се игра в недела во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новиот словенечки премиер Голоб: Сакаме добри и стабилни односи со Хрватска

Следно

Кое митско суштество сте според хороскопскиот знак?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian