Ѓурчески: Има пари за повисоки плати за сите, ама годишно од Буџетот исчезнуваат 600 милиони евра

1 min read

Поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчески вели дека во целост ги поддржува сите барања на работниците, наставниците, администрацијата и сите кои најавуваат или се во штрајк.

„Ова го велам од проста причина што сите параметри опфатени во Буџетот во делот за плати, социјална заштита, пензии ими доволно пари за да без ребаланс може да се обезбеди за сите зголемување од минимум уште за 20 до 25%. Кога ова го велам ги имам во предвид злоупотребите на буџетските средства особено со јавните набавки. Таму, според сите основани сомненија, на непознат начин од Буџетот се крадат-злоупотребуваат над 600 милиони евра на годишно ниво“, вели Ѓурчески во текст објавен на порталот Денешен.

„Во свој извештај за 2016 година релевантни меѓународни организации како и експерти од невладините организации во РМ посочуваат дека секоја година на непознат начин од Буџетот се испумпуваат 430 милиони евра. Тие пари во основа се 20 до 25% од вкупната сума пари предвидена во Буџетот за плати, пензии и социјална заштита. Оние 430 милиони од 2016 година сега надминуваат над 600 милиони“, пишува Ѓурчески.

Тој го повикува Државниот завод за ревизија да направи „јасна и целосно транспарентна ревизија во која како надворешни експерти да учествуваат професори од економските факултети“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсен Дедиќ и Габи Новаќ, љубов која траеше повеќе од четири децении

Следно

Уставниот совет официјално го прогласи Емануел Макрон за претседател на Франција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian