Тухел останува во Челси и следната сезона

1 min read

Менаџерот на Челси, Томас Тухел порача дека е целосно посветен на својата работа и сака да остане на „Стемфорд бриџ“ и следната сезона иако не знае каков тим ќе има на располагање.

– Животот продолжува следната сезона без разлика дали тоа ни се допаѓа или не. Од почетокот на подготовките за новата сезона ќе даваме се од себе, а јас ќе бидам максимално посветен без разлика на тоа каков тим ќе имам на располагање – рече Тухел.

Сè уште актуелниот европски шампион остана во борба за само еден трофеј, во ФА Купот, каде во финалето го очекува пресметка со Ливерпул. „Сините“одамна испаднаа од трката за титулата во Премиер лигата, беа елиминирани од Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите, додека во финалето на Лига купот загубија на пенали од Ливерпул.

Работата да биде уште полоша, ситуацијата во клубот е хаотична бидејќи сопственикот Роман Абрамович по санкциите од Обединетото Кралство, беше приморан да го продава Челси и се до доаѓањето на новите сопственици, клубот не може нормално да функционира.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Делегација од збратимениот град Истанбул во работна посета на Град Скопје

Следно

ВИДЕО | Позитива на денот: Малата Оливија не се откажува од своите штиклички

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian