Тен Хаг ќе добие брутално „досие на срамот“ за Роналдо и сограчите

2 mins read

Се уште актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник во извештајот до Ерик тен Хаг ги нарекува Роналдо и останатите играчи себични, препотентни и недоволно квалитетни.

Актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, на крајот на сезоната ќе си замине од клупата и тренерската палка ќе му ја препушти на Ерик тен Хаг кој се наоѓа пред освојување на титулата во Ередивизијата со Ајакс и притоа ќе му достави детално досие за секој играч.

Англиските медиуми го нарекуваат брутално „досие на срамот“ и тврдат дека Рангник во него пишува дека фудбалерите се себични, препотентни, недоволно квалитетни.

Тен Хаг од првиот ден по пристигувањето на „Олд трафорд“ ќе има полни раце работа бидејќи екипата моментно се наоѓа на шестото место на табелата и се поизвесно е дека нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона.

Доаѓањето на Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и Џејдон Санчо минатото лето требаше да претставува чекор напред во борбата за титулата, но реалноста е сосема поинаква. Англиските медиуми цела сезона објавуваат за непрофесионалното однесување на ѕвездите на Јунајтед како и за незадоволството во соблекувалната. Дури и Џеси Лингард ги потврди таквите шпекулации велејќи дека „атмосферата во тимот е катастрофална“.

Рангник следната година ќе добие фунција во управата, а давањето на тренерската палка ќе го зачини со детален извештај за секој фудбалер на Манчестер кој наводно е шокантен и брутален.

– Шокиран сум од недостатокот на професионализам во првиот тим, некои играчи намерно ги игнорираат упатствата што ги добиваат за системот и стилот на игра што треба да се применува на одредени натпревари. Поголем дел од фудбалерите не се физички подготвени за овој начин на игра и препорачуваме новиот тренер поголема шанса да им дава на младите играчи – наводно пишува во извештајот на Рангник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведени двајца разбојници во Скопје

Следно

Завршните зборови на Џони Деп: Бев жртва на семејно насилство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian