„Слободен печат“: Решение со Бугарија сега или никогаш!

3 mins read

Во печатеното издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:

 

Хроника

Македонија со јасна порака до Софија и Брисел: Решение со Бугарија сега или никогаш!

-Нашата држава ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на ЕУ, со што уште еднаш покажа дека заслужува конечно одржување на првата меѓувладина конференција – рекол премиерот Ковачевски на средбата со Вархељи.

Штрајк во Управата за водење матични книги: Матичарите ги „впишуваат“ само притисоците од директорите

-Штрајкот предизвика бројни негативни реакции и главоболки за граѓаните, бидејќи документите кои што им се потребни од оваа институција ги засегаат сите сегменти од животот. Посебен проблем ќе бидат уписите на учениците во училиштата, за кои секаде се бара извод од родените.

Децата и вчера останаа дома: Министерските препораки одекнаа во празна училница

За жал, ниту едно дете не дојде на настава. Сите наставници штрајкуваат, што значи дека се наоѓаме во генерален штрајк, рече Наталија Делева, директорка на ОУ „Невена Георгиева Дуња“.

Да го завршиме ова лошо поглавје од тековната учебна година и да им овозможиме иднина на децата. Многумина од нив ги чекаат уписи во средни училишта или факултети. Многумина одлучиле да се вработат по завршување на средното образование, но неизвесно е доделувањето на дипломите во предвидениот рок. Да не ги уништуваме нивните планови и очекувања, рече министерот Јетон Шаќири.

 

Економија

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува: Што и да одлучи Русија за гасот, кај нас ќе има минимално влијание

– Компаниите во технолошко-индустриските развојни зони и според закон мора да имаат алтернатива на гасот, тие може да работат на мазут, може по примерот на „Струмица гас“ да користат компресиран гас, или екстра лесното масло

 

Скопје

Општината Кисела Вода забрани куќите во Пржино и Црниче да станат згради

-Според надлежните од оваа скопска општина, со оваа одлука, во општина Кисела Вода, со посебен акцент на Пржино и Црниче, каде ова беше најизразено, брoјот на станбени единици во објекти со намена А1-Семејно домување е ограничен на вкупно четири.

 

Спорт

Голманот на ракометарите на Еурофарм Пелистер посакува титули: Секељи: Се надевам дека ќе создадеме историја во Битола

-Голманот има големи надежи дека заедно со соиграчите од Еурофарм Пелистер ќе ги израдуваат битолските навивачи. Битолчани ја почнаа сезоната со освојување на Суперкупот, а имаат реални шанси да дојдат и до титулите од Суперлигата и од Купот на Македонија

 

Мозаик

Едно патување ѝ го променил животот: Мила Величковска ни ја доближува егзотиката на Бали преку еколошки производи

– Идејата за „Кокобуко“ се родила со желба да ги донесат кокосовите чиниите кај нас, но реализацијата била вистински предизвик!

 

Читајте ги и колумните со нашите редовни соработници во рубриката Трибина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Позитива на денот: Малата Оливија не се откажува од своите штиклички

Следно

Размена на затвореници меѓу САД и Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian