Ролан Гарос не го следи примерот на Вимблдон, ќе им дозволи настап на руските и белоруските тенисери

1 min read

Организаторот на следниот гренд слем турнир, Ролан Гарос, одлучи да не го следи примерот на Вимблдон и ќе им дозволи настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки, кои се најдоа на удар поради војната во Украина.

На Ролан Гарос одлучија да го почитуваат принципот на неутралност и нема намера да ги казнува тенисери за дејствијата што ги прават нивните политички лидери, пишуваат француските медиуми.

Ролан Гарос треба да се одржи од 22 мај до 6 јуни и на него ќе можат да настапат фаворитите за трофеите: Данил Медведев и Андреј Рубљов во машка и Арина Сабаленка, Викторија Азаренка во женска конкуренција.

Организаророт на Вимбилдон, својата одлука да не им дозволи настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки ја оправда својата одлука со прописите на владата на Обединетото Кралство притоа тврдејќи дека „нема друга опција“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсени две лица кои ограбиле обложувалница

Следно

ВИДЕО | „Кој би знаел“: Илон Маск во 1999 година се фалел дека купил автомобил од милион долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian