Принова во семејството: Се породи водителката Анастасија Богдановска

1 min read

Водителката Анастасија Богдановска стана мајка по вторпат. Имено, таа и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски, кој во јавноста е познат под псевдонимот Бетмен Велит, станаа родители на момче.

„Се роди синко. Пијте по една од мене“, напиша среќниот татко, споделувајќи ја убавата вест со своите пријатели на Фејсбук.

Само еден ден претходно, Анастасија објави неколку фотографии со своето трудничко стомаче, посветувајќи му порака на своето синче.

„Да, можно е да сакаш некој, иако сѐ уште не си го запознал“, стои во описот на фотографиите кои водителката ги објави на Инстаграм.

Како потсетување, Анастасија и Богдан се во брак од минатата година, а веќе ја имаат и малечката ќерка Дениција, која во јули годинава ќе наполни две години.

Искрени честитки – да е жив и здрав!

Малата Дениција модерна на Инстаграм: Анастасија Деа Богдановска и Бетмен Велит уживаат во улогата на родители

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Формула 1: Трката во Мајами ќе му конкурира на Супербоул мечот

Следно

Министерските препораки одекнаа во празна училница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian