Потпретседателот на „Газпромбанк“, Волобујев се придружи на украинската армија

1 min read

Потпретседателот на руската државна банка „Газпромбанк“, Игор Волобујев пребегал од Русија за да им се придружи на украинските сили кои се борат против руската инвазија.

Волобујев за независниот руски портал „Инсајдер“ и за украинскиот деловен портал „лига.нет“ изјави дека на 2 март ја напуштил Русија и се приклучил на украинските сили за територијална одбрана.

– Не можев од страна да гледам што и прави Русија на мојата татковина. Русите го убија татко ми, моите познаници и блиски пријатели. Татко ми живееше во ладен подрум еден месец. Луѓето што ги познавам од детството ми кажаа дека се срамат од мене, изјави Волобујев, кој е роден во североисточниот украински град Охтирка.

Тој додаде дека никој во Русија не знаел за неговото заминување.

Претходно од Русија заминаа првиот заменик-претседател на „Сбербанк“, Лев Касис, претседателскиот пратеник Анатолиј Чубаис и заменик-претседателот на „Аерофлот“, Андреј Панов.

kurir.mk

Претходно

Вознемирена мајка од Кичево: Наместо воспитувачка, во градинка син ми го чува готвачката, која денеска го заборавила сам во просторија

Следно

Делегација од збратимениот град Истанбул во работна посета на Град Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian