Почна протестот на вработените во Управата за матични книги: Ќе чекаат повисоки плати

2 mins read

Утринава почна најавениот протест на Управата за водење матични книги, кој ќе трае со полно работно време во сите регионални канцеларии на институцијата, со што граѓаните нема да може да вадат изводи од родени, да се запишуваат починати лица, да се издаваат решенија за слободна брачна состојба и венчаници. Нема да функционира ниту електронската нарачка на документите, односно тие барања нема да се процесуираат.

Како што вчера изјави претседателот на Синдикатот на управата, Тони Милошески, барањата се да се донесе колективен договор за сите вработени во УВМК, линеарно да се покачат платите и тие да се зголемат за 30 проценти. Исто така, околу 500 вработени бараат да им бидат признаени звањата и да работат на позиции соодветни на искуството и образованието, а не како што е сега, сите независно од звањето да работат иста работа.

Игор Јовановски, од Синдикатот на Управата за водење матични книги, за Слободен печат вели дека граѓаните се добро информирани и странки воопшто не доаѓаат на шалтерите.

Штрајкот почна и добро се одвива. Граѓаните се информирани и не доаѓаат. Се надевам дека Министерството за финансии ќе не повика, зашто досега нема никој да се јави. Доколку седнеме со нив на заедничка маса и ни ги одобрат барањата за покачување на платите и носењето на колективниот договор, ние сме подготвени да го прекинеме штрајкот. Не мора да стапи во сила веднаш колективниот договор, но да го потпишеме е многу битно и да ни излезат во пресрет, рече Јовановски.

Штрајкот на Управата ќе значи и голем број проблеми и главоболки за граѓаните во сите сфери од нивниот живот. Нема да може да се врши упис во образованието без извод од матичната книга на родените. Нема да може да се вадат лични документи, како пасоши и лични карти за граѓаните кои првпат ги вадат. Нема да има уписи на новородени деца, нема да се врши упис на починати лица, нема да има венчавки освен веќе закажаните. Ќе се примаат само итни предмети за починати лица во странство или за новороденчиња на кои им треба медицинска итнервенција во странство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Екстракт од канабис и габа елиминира 100 отсто од клетките на рак на панкреас и дебелото црево

Следно

Поранешната цивилна лидерка на Мјанмар доби петгодишна затворска казна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian