Петков: Бугарија нема да подлегне на рекетот на Русија и плаќањето на гас во рубли

1 min read

Бугарскиот премиер Кирил Петков на почетокот на седницата на бугарската влада рече дека таа е подготвена за сценарио за прекин на испораката на рускиот природен гас, а од своја страна во моментов го разгледува договорот за транзит низ неговата земја.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, Бугарија нема да подлегне на рекет и уцени да го плаќа природниот гас во руски рубљи, а во исто време нема да го намали снабдувањето со природен гас за потрошувачите во земјата. Министерството за енергетика на Бугарија има јасен акциски план во сегашната ситуација, рече Петков. Премиерот на Бугарија коментираше дека властите во земјата на ниту еден начин нема да го намалат снабдувањето со гас на потрошувачите.

– „Прекинот на испораката на гас за Бугарија од страна на Газпром е кршење на сегашниот договор – рече Петков.

Според него, Бугарија ги преиспитува сите договори со Газпром, вклучително и договорот за транзит низ Бугарија, бидејќи еднострано дејство на изнуда е неприфатливо.

Бугарскиот премиер денеска имаше телефонски разговор и со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис. Петков од него добил уверување дека физичката изградба на интерконекторот со Грција ќе заврши во јуни. Петков најави дека постои можност и за испораки пред тоа кон Бугарија од Грција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Горан Стефановски ќе добие мурал во Дебар Маало

Следно

Еклипса на Сонцето во знакот на Бик: Универзумот ви дава покана за пресврт на 30 април

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian