Меган Фокс и Машин Ган Кели си ја пијат крвта за да си ја докажат љубовта

1 min read

Меган Фокс во интервју за „Glamour UK“ рече дека таа и вереникот Машин Ган Кели си ја пијат крвта „за ритуални цели“.

„Па, претпоставувам дека тоа што си ја пиеме крвта може да ги доведе во заблуда луѓето или да нè замислуваат со пехари како да сме во „Игра на тронови“, како си ја пиеме крвта“, изјави актерката.

„Тоа се само неколку капки, но да, ние си ја консумираме крвт еден на друг само за ритуални цели“.

Кога ја објави својата свршувачка со пејачот во јануари, Фокс на „Инстаграм“ напиша дека „си пиеле крв“ за да ја одбележат таа прилика.

Но, Фокс инсистираше на тоа дека консумацијата на крв на парот е „контролирана“

„Ја контролираме ситуацијата: „Ајде да пролееме неколку капки крв и да ја пиеме. Тој е многу похаотичен, спремен е да си ги исече градите со скршено стакло и да ми каже „Земи ми ја душата“, изјави Меган.

На прашањето дали Машин Ган Кели навистина си ги сече градите за да извлече крв за пиење, ѕвездата одговори:

„Не дека не се случува. Дозволете ми да ви кажам. Можеби не баш така, но верзија од тоа се има случено многу пати“.

Пред Фокс да признае дека со Кели си ја пијат крвта, се знаеше дека парот носи ампули со крв околу вратот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дојава за бомба и во кабинетот на црногорскиот претседател Ѓукановиќ

Следно

Штрајкот во матично дочекан на нож од граѓаните: И кога работат – исто ко да штрајкуваат!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian