Мбапе за претседател, напаѓачот на ПСЖ доби гласови на претседателските избори во Франција

1 min read

Одличниот напаѓач на француската репрезентација и на ПСЖ, Килијан Мбапе иако се наоѓа на почетокот од фудбалската кариера, уште сега има база за идна политичка кариера.

Имено, на неделните претседателски избори во Франција на кои Емануел Макрон доби втор петгодишен мандат, Мбапе доби 10 гласа.
Неочекуваниот изборен успех на Мбапе дојде во малиот град на истокот на земјата со 425 жители, Таленај.

Од 348 локални жители кои гласаа во вториот круг, 175 гласаа за Макрон, а 75 за Марин Ле Пен, 22 не гласаа за Макрон или Ле Пен, а десет од 26-те неважечки ливчиња беа предадени со додадено името на Мбапе.

– Видовме еден глас, а потоа друг и трет. Тие беа добро направени, изгледаа како вистински гласачки ливчиња. Името не само што беше брзо напишано со молив, туку беше напишано на компјутер и испечатено – рече Лудовик Барбароса, градоначалник на Таленаја кој потоа го покани Мбапе да дојде во гратчето за да се сретне со неговите поддржувачи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гардијан: Приднестровие- регион во Молдавија каде би можела да се прелее војната

Следно

Арсен Дедиќ и Габи Новаќ, љубов која траеше повеќе од четири децении

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian