Локализиран пожарот кај селата Радичево и Дукатино во Струмичко

1 min read

Локализиран е пожарот кој избувна вчера претпладне во атарите на селата Радичево и Дукатино во Општина Василево и зафати 20 хектари нискостеблеста шума.

Пожарникарите и екипите на ЦУК и ЈП „Национални шуми” -Струмица не дозволија да се прошири кон селото Дукатино.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, на местото на пожарот од утрово има дежурни екипи.

-Засега пожарот е под контрола и е локализиран, но заради претпазливост екипите внимаваат да не дојде до повторно избувнување, изјави Гудев.

Заради силниот ветер кој дуваше вчера пожарот се прошири и зафати нискостеблеста шума на тешко пристапен терен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

Следно

Трагедија: Единаесет загинати од струен удар во Индија, меѓу нив и две деца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian