Лига на шампионите: Да не го потцениме Виљареал, велат во Ливерпул

4 mins read

„Црвените“ вечерва на Енфилд го пречекуваат изненадувањето на сезоната, Виљареал. Шпанците веќе ги елиминираа Јуве и Барен и затоа Јирген Клоп нема намера да ја потцени шпанската екипа, иако неговиот тим го сметаат за голем фаворит

Забревтаниот Ливерпул и изненадувањето на сезоната Виљареал вечерва на Енфилд го играат првиот дел од полуфиналниот двомеч, што ветува возбудлив дуел.

Гостите во претходните две фази креираа изненадувања со елиминацијата на Барен Минхен, а пред тоа и Јувентус. Сега ќе се обидат да го повторат тоа со уште еден великан, Ливерпул. Тимот на Унај Емери е полн со самодоверба по елиминацијата на Јуве и Барен пред полуфиналето со Ливерпул.

Црвените“ сезонава се борат за освојување на „четирикратната круна“. Ливерпул веќе го освои Лига купот, во финалето е на ФА купот, има реални шанси да ја освои титулата во Премиерлигата, а активен е во трката по трофејот во ЛШ. Никогаш порано Ливерпул не бил во ваква ситуација во оваа фаза од сезоната.

Ливерпул во овој дуел влегува по победата над Евертон во градското дерби од 2-0 и ќе се обиде да го подобри својот перформанс на Енфилд во ЛШ откако во претходните две фази од елиминацискиот дел, не успеа да зебележи победи на свој терен против Бенфика и Интер. Јирген Клоп, тренерот на Ливерпул, беше на чело на овој тим и во сезоната 2016/2017, кога „црвените“ се сретнаа со Виљареал во полуфиналето на Лига Еропа и успешно ја минаа пречката победувајќи на Енфилд со 3-0, а на гости изгубија со 01.

– Никогаш не потценувам противници како Виљареал. Многу ќе биде тешко против овој тим, но ова е полуфинале во ЛШ, па ако не е тешко во оваа фаза, тогаш нешто не е во ред – вели Клоп во пресрет на мечот. Земајќи ја предвид репутацијата на клубот и неговите резултати сеонава, се освен победа за „црвените“ во првиот меч би било големо изненадувања.

Но, Шпанците сезонава имаат добар скор на гостувањата во ЛШ. Од септември кога изгубија кај Манчестер јунајтед, во четири меча на гости Виљареал нема ниеден пораз (три победи и едно реми). Што е уште поохрабрувачки за гостите, во сите тие мечеви постигнувале барем по еден гол. Унај Емери е полн со самодоверба пред мечот со Ливерпул.

– За да се постигне нешто, мора да забележите позитивни резултати, мора да ги победите фаворитите. Осминафналето против Јувентус ни даде многу самодоверба. Во полуфиналето ќе се обидеме да креираме такви околности кои ќе ги зголемат нашите шанси. Ливерпул е голем тим и ќе имаме одлично полуфинале – вели Емери.

Кај Ливерпул повреден е Роберто Фирмињо, но Клоп ионака на тоа место повеќе ги преферира Диого Жота и Луис Дијаз. Со осум гола на своето конто во ЛШ сезонава Мохамед Салах е во добра голгетерска форма. Четврт стрелец е во ЛШ сезонава, зад Халер од Ајакс (11), Бензема од Реал (12) и Левандовски од Барен (13).

Кај Виљареал Алберто Морено и Франсис Кокелан се отсутни поради повреди, но најголем проблем е отсуството на Жерар Морено, кој нема да настапи на Енфилд поради повреда.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Распишан јавен повик за бесплатна настава и обука за оџачари

Следно

Мадона раскина со 35 години помладото момче: Годините не биле проблемот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian