На Твитер се појави интересна слика од Украина. Украинците решиле остатоците руските бомби да ги искористат за да направат скара и на тој начин да се исмеат со противникот.
И американската амбасада во Киев одлучи да се пошегува и да ја искоментира сликата.
„Каде да си нарачаме?“ напишаа од американската амбасада во Киев.
Where do we order ours? https://t.co/VrouH9z4xs
— U.S. Embassy Kyiv (@USEmbassyKyiv) April 26, 2022
Локацијата не е позната, но може да се види дека Украинците и покрај војната, не се откажуваат од уживањето во убавото време со пиво, мезе и скара на еден необичен начин.