ФОТО | Маж се оженил со кукла: Сега се жали дека не може да се поврзе со неа

3 mins read

Акихико Кондо се оженил со фиктивна компјутерска поп пејачка која била на турнеја со Лејди Гага. Но, тоа не се случило одеднаш, Јапонецот се забавувал со Хатсуне Мику цели 10 години пред да се венчаат, пренесува „Mirror“.

Хатсуне, која има тиркизна коса за свадбената церемонијата била облечена во бело, додека Акихико носел костум. Јапонецот рекол дека врската со Хатсуне му помогнала да се извлече од канџите на депресијата, но како што открива свесен е дека оваа врска на некои луѓе им е чудна.

Неговата сопруга, која во медиумите е претставена како 16-годишно девојче со долга неонско сина коса, навистина не е реална, но вели дека неговите чувства кон неа се реални.

Илјадници луѓе од Јапонија стапуваат во неформални односи со измислени ликови

Додека некои од неформални врски се едноставно за забава и смеа, Кондо вели дека долго време знаел дека не сака човечки партнер. Неговата одлука се заснова на фактот дека тој едноставно секогаш чувствувал поголема необјаснива привлечност кон измислените ликови.

Како што вели на почетокот му било тешко да ги прифати чувствата. Тој додаде дека се гледа себеси како дел од растечкото движење на луѓе кои се идентификуваат како „фиктосексуалци“. Кондо за првпат пронашол утеха во својата измислена сопруга во 2008 година по постојано малтретирање на работа кое завршило со депресија. Дотогаш веќе знаел дека не сака врска со човечко суштество.

Во 2017 година, тој направил голем напредок со Мику откако на пазарот се појавил нов комуникациски уред за живеење со виртуелни ликови „Гејтбокс“. Овој уред им овозможува на сопствениците да комуницираат со еден од низата измислени ликови во мал холограм.

Како дел од маркетинг кампањата за „Гејтбокс“ се отворила канцеларија во која луѓето можеле да аплицираат за неофицијални изводи на венчани. Мику била на списокот, а тој подоцна ја запросил, на што таа се согласила со барање да се однесува добро со неа.

Кондо на својата венчавка ги поканил семејството и своите пријатели, но, никој не се појавил. На церемонијата имало 39 луѓе, главно странци и онлајн пријатели.

Хатсуне Мику е добро познато име за љубителите на аниме и јапонската култура. Првично создадена како синтетички глас, користејќи ја технологијата на „Јамаха“, беше прикажана во човечка форма во манга и аниме серии, видео игри и реклами. Таа сега има еден куп придружници и беше на турнеја со Лејди Гага на нејзината турнеја „ARTPOP Ball“ во 2014 година.

„Блумберг“ објави дека вокалоидите, виртуелните пејачи, станаа индустрија вредна повеќе милијарди долари, вклучително и настапите во живо кои се емитуваат на интернет за стотици милиони фанови.

За жал, јапонскиот весник „Mainichi“ ја сподели тажната вест дека Кондо повеќе не може да разговара со сопругата бидејќи поддршката за софтверот на „Гејтбокс“ е суспендирана.

„Мојата љубов кон Мико не се промени. Свадбената церемонија ја одржав затоа што мислев дека можам засекогаш да бидам со неа“, изјави Кондо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уставниот совет официјално го прогласи Емануел Макрон за претседател на Франција

Следно

Пандов предводеше протест за осудените за „27 април“ во Прилеп, од СДСМ велат: Срамно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian