Еклипса на Сонцето во знакот на Бик: Универзумот ви дава покана за пресврт на 30 април

2 mins read

Во сабота на 30 април ќе ја пречекаме младата Месечина во Бик и затемнувањето на Сонцето. Ова затемнување ќе инспирира нови чекори, нов еволутивен циклус, интересни сознанија и решавање на проблеми онаму каде што најмалку ги очекуваме. Претстои будење кое ќе нè предизвика разделби, но и спојувања. Овој астролошки транзит ќе биде необично затоа што Уран ќе биде вклучен во приказната како симбол на будење.

Се одвојуваме само од она што не е наше, а ако го следиме овој процес, на патот ни доаѓаат нови и уште подобри можности

Бикот е земјен знак, втемелен, закотвен во познатото, чувар на стекнатите вредности и неволен да прави нагли промени. Неговите главни теми се парите, чувството за самопочит, сè што ни дава чувство на сигурност и стабилност.

Затоа, во наредните месеци можеме да очекуваме промени и поместувања на овие полиња од животот, а бидејќи присутно е влијанието на Уран, околностите ќе се движат напред, можеби во насока и на начин што не го очекувавме.

Садиме семе на нешто ново

Од клучно значење е да да имаме јасна намера што сакаме да постигнеме. Иницирајте и дозволете околностите да се развијат, ако е можно без непотребна контрола. Уран секогаш има некои оригинални идеи, нека ви го насочи најдобриот пат.

Треба да се има доверба во процесот што ќе се одвива. Имено, она што го сакаме понекогаш не е најдоброто за нас. Затоа, препуштете се ако нешто не оди или оди како што сте планирале. Отфрлете ги сите очекувања, но не и намерата. Бидете присутни.

Универзумот ви дава покана за важна промена, пресврт

Дури и ако промените низ кои поминувате се можеби шокантни, бидете смирени. Сè ќе се одвива со причина. Обично сме шокирани од нешто што не сакаме да го видиме или не сме го виделе добро. И сега наеднаш – ни станува јасно.

Ова е вашата супермоќ според хороскопскиот знак

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков: Бугарија нема да подлегне на рекетот на Русија и плаќањето на гас во рубли

Следно

Еврокомесарот Вархеји ги почна средбите во Скопје

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian