Дојави за бомби во училишта во Црна Гора, евакуирани и Општината и судот во Бар

1 min read

Прекината е наставата во повеќе основни училишта во Црна Гора поради дојави за поставени бомби, јави РТЦГ.

Евакуирани се училишта во Никшиќ, Бар, Беране, Бијело Поље, Колашин, Херцег Нови, Цетиње. Дојави за бомби имало и во Општината и во судот во Бар.

„На територијата на училиштето подметнати се бомби. Секогаш сонувавме за освета. Ние ќе се осветиме, ќе дојдеме во училиштето. Сè ќе убиеме. Никој нема да остане жив. Цел град ќе крвари”, е пораката што ја пренесува Радио телевизија Црна Гора добиена од евакуираните училишта.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поранешната цивилна лидерка на Мјанмар доби петгодишна затворска казна

Следно

ВИДЕО: Мајами е пресилен за Атланта, „жешките“ во полуфиналето на Источната конференција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian