Димитров „удри“ по Вархеји: Тој е наклонет кон Бугарија, дел од причините зошто не успеваме

3 mins read

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров вечерва во гостување на ТВ Сител рече дека е невообичаено тоа што еврокомесарот Оливер Вархеји не дал изјава за јавноста и медиумите по денешните средби со македонскиот државен врв во Скопје.

„Важно е официјалните лица што доаѓаат од ЕУ да имаат контакти со јавноста, не само со политичарите. Еврокомесарот по дефиниција ни е најдобар пријател и било каков исчекор треба да е заеднички, но со него немав баш такво искуство, затоа што солираше и поставуваше свои предлози наклонети кон бугарската страна. Реагирав на таквиот однос во повеќе наврати како поединец. Важно е јавноста да знае дека немавме голема помош од неговите напори. Некои дипломати од западните земји-членки на ЕУ мислат дека ќе го решевме ова да не беа паралелните предлози на Вархеји, вели Димитров.

Според Димитров, во овој еврокомесар сме немале сојузник.

„Ги поздравувам неговите изјави дека е разочаран, но дел од неговите активности се причина зошто немаме успех“, вели Димитров.

„По изјавата на Радев, којшто кажа брутално дрско и безобразно дека македонскиот идентитет се темели на фалсификат или е вештачки и по изјавата на Петков дека решението мора да оди во Парламент и мора да има политички консензус во бугарското општество за решението, мислам дека е крајно време ние да видиме каде одиме и како таму да стигнеме. Ние имаме еден екстрем по секоја цена во ЕУ, или другиот екстрем е да ги баталиме ЕУ и да си бараме други партнери“, рече поранешниот министер и вицепремиер.

-Мора да се бориме за вистинска европска игра. Не може некој нас да ни го дообјаснува македонскиот јазик. Не може во преговарачката рамка историјата да биде поважна од борбата против корупцијата. Мораме да направиме политика која што ќе покаже дека ветото е штетно и за Бугарија, оти вака ветото им работи. Ние сме тие што ни се брза, ние сакаме да правиме чекори, а сигналот е ќе дојдат на нашето. Затоа мораме да почнеме да употребуваме зборови кои што ја отсликуваат реалноста. Во моментов политиката на Бугарија кон нас не е пријателска, оти со вакви пријатели не ни требаат непријатели. Кога ќе кажат македонскиот идентитет е фалсификат мора да викнеме ова безобразно, ова е дрско, засрамете се!, рече Димитров.

Димитров додаде и дека „мора за оваа приказна да се информираат партнерите на Македонија во ЕУ во регионот, Американците и сите други кои што се заинтересирани ова да успее“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кое митско суштество сте според хороскопскиот знак?

Следно

Вашингтон пост: Љубовницатa на Путин следна цел на санкциите на САД

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian