ВИДЕО | Д-р Карева: Граѓаните не претерале со храна и алкохол за време на празничните денови

2 mins read

За време на празниците во Итната медицинска помош имало вообичаен број и тип на интервенции, без претерување со храна и алкохол, рече денеска во Утрински брифинг, д-р Елена Карева Пиловска шеф на смена во ИМП.

– Во текот на 24 часа имавме по околу 80 повици и интервениравме со вообичаен број на интервенции. Во однос на прејадувањето, луѓето кои се психички подготвени долг период да се откажат од одреден вид на храна, речиси никогаш не се прејадуваат со мрсна и тешка храна веднаш по завршувањето на постот, така што ниту оваа година немаше потреба да интервенираме поради прејадување со храна. Од друга страна, сакам да нагласам дека боените јајца кои се карактеристични за Велигден, ако досега не се потрошиле, веќе треба да се фрлат од причина што истите стојат на собна температура, а не во фрижидер како што е препорачано за термички обработената храна. Така што, за да нема несакани последици како труење со храна, особено треба да се внимава при конзумирање на храната, вели д-р Карева.

Граѓаните биле претпазливи и во однос на алкохолот, така што во текот на вчерашниот ден имале интервенција кај само едно алкохолизирано лице. Во текот на денот се случиле четири сообраќајни незгоди, информира д-р Карева.

Таа нагласува дека причина за сообраќајна несреќа може да биде заморот, како и духовната нерамнотежа, а емоциите како радост, гнев и страв ја намалуваат концентрацијата и вниманието.

– Интервенциите во ИМП се најчесто од невровегетативна природа затоа што е актуелна метеоропатијата која доведува до хормонален дисбаланс поради температурните разлики и пореметување на атмосферскиот притисок што доведува до хормонална флуктоација во организмот на човекот и затоа луѓето кои што се јавуваат кај нас се жалат на немир, неспокој, апатија, несоница, втроглавици и зголемен број на колапси. За жал овој период очекуваме и зголем број на мозочни удари. За да се избегнат, препорачуваме хронично болните да си ја земаат редовно својата терапија, а сите други да најдат начин како да го регулираат стресот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џастин Бибер заврши на суд поради плагијат

Следно

СЗО: Две лица починаа од ебола во Конго

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian