ВИДЕО | Брутално згоден: Како Александар Скарсгорд доби тело на викинг?

2 mins read

Оние кои ги погледнале трејлерите за новиот филм „The Northman“, веројатно веќе знаат дека актерите минале „низ пеколот“ за да дојдат до совршените тела што ги имаат во оваа викиншка приказна.

Сите имаат свои анегдоти за „маките“ при снимањето, но најтешкиот дел, се чини, му припаднал на главниот актер – Александар Скарсгорд. Актерот долго време сонувал да се појави во филм за викинзите, па сега, кога имал можност, тој признава дека не било лесно да се дојде до фигурата што ја има во филмот.

Така, со познатиот тренер Магнус Лигдбак, Скарсгoрд морал да внесува 3700 калории дневно, што значи дека морал да јаде на секои два до три часа за да го одржи метаболизмот. Во поглед на тренингот, стручњакот вели дека во таа смисла, најбитен е квалитетот, а не квантитетот.

„Честопати читате за актери кои говорат за тоа како тренирале неколку часа секој ден… Тоа не мора да е точно. Можеби „се моткале“ по четири часа на ден, но колку се потрошило на обука!? Никогаш не ги тренирам моите клиенти повеќе од еден час затоа што она што не се случува во првиот час, нема да се случи ниту во вториот час. Сè по првиот час е само исцрпеност на телото. Затоа, најдобро е еден час дневно – шест дена во неделата. Или пет дена во текот на снимањето“, појасни Лигдбак.

Тој вели дека диетата вклучувала 20 оброци во четири дена, од кои 17 се состоеле од протеини (најчесто риба), зеленчук и сложени јаглехидрати и масти. Останатите три оброци биле тн. „залажувачки“, не толку здрави закуски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турција дополнително ги олеснува ковид-мерките

Следно

Ковачевски се договори со Вучиќ и Рама: Следниот самит на Отворен Балкан во Охрид во јуни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian