Вархеји во дипломатска офанзива: Софија да попушти кон Скопје за преговори со ЕУ во јуни

2 mins read

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави дека ќе инсистира Софија да го тргне ветото за Скопје и да донесе одлука отпочнувањето на преговори со ЕУ до крајот на јуни, пренесуваат бугарските медиуми.

„Ќе доаѓам во Софија толку често колку што е потребно за да се донесе одлука (укинување на бугарското вето за членство на Северна Македонија во ЕУ) до крајот на јуни, бидејќи немаме време и војната ни покажа колку е важна европската интеграција.“ рече Вархеји за време на формот „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштита од војна“.

Вархеји додаде дека е „крајно разочаран“ што прашањето за почеток на преговорите за членство на Скопје во ЕУ е повторно на дневен ред, додавајќи оти проблемот требало да е решен „уште пред две години“.

Вархеји исто така ја посочи и ковид-19 пандемијата и кризата со снабдувањето вакцини како пример околу тоа дека доколку Северна Македонија и Албанија се членки на ЕУ, тогаш тие многу побрзо ќе можат да се снабдат и со неопходните вакцини.

Унгарскиот еврокомесар исто така потенцираше дека војната во Украина е уште една причина повеќе за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ.

“Војната ни покажа дека немаме време за губење и дека немаме интерес да губиме повеќе време. Економската криза и КОВИД-19 ни покажуваат до што може да доведе недостатокот на интеграција. Процесот на интеграција за земјите од Западен Балкан мора да се забрза.“ потенцираше Вархеји.

Претходно, бугарската министерката за надворешни работи Теодора Генчовска повтори дека Бугарија може да го укине ветото, но само по измените во македонскиот устав и добивањето на гаранции за правата на Бугарите во земјата.

Во меѓувреме, бугарските студенти кои студираат во земјата и во странство инсистираат на европско следење на човековите права на бугарското население кое моментално живее во Република Северна Македонија, соопшти Македонскиот истражувачки институт од Бугарија.

Барањето беше упатено во посебна петиција испратена деновиве до Европскиот Парламент, чиј автор е новинарот и политичар Живко Чакракчиев. Во своето барање, тој ги повика Европскиот Парламент и Европската Комисија да направат критичка анализа на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Инвеститорите во Општина Аеродром ќе мора да планираат паркинзи за велосипеди при изградба на нови објекти

Следно

Беа елиминирани од Македонија, сега аплицираат за „вајлд-карта“ за СП 2023

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian