Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување на ЕУ Оливер Вахељи ја заврши посетата на Софија со надеж дека со соговорниците во Бугарија се разбрал за важноста на проширувањето на ЕУ во контекст на воената криза во Украина и последиците кои руската агресија ги има во целиот европски регион па и на Западен Балкан.
-Ја завршив мојата посета на Софија со надеж дека ќе продолжиме со политиката на проширување за додека војната на Русија против Украина не прави да вложиме повеќе напор во тоа. Му благодарам на премиерот Кирил Петков за водењето отворена дискусија за идните чекори, кои ќе не водат до првата Меѓувладина конференција со Македонија и Албанија, напиша Вархељи на Твитер, по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков.
I ended my Sofia visit w/ the hope that we can proceed w/ our Enlargement Policy as Russia’s war on 🇺🇦 makes as to put more effort into it. I thank PM @KirilPetkov for having an open discussion about future steps, which will guide us to the 1st IGC between 🇲🇰 & 🇦🇱 pic.twitter.com/ww0QY9ZGk3
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) April 26, 2022
Од своја страна, Петков на Твитер напиша дека е задоволен од средбата со Вархељи и додаде дека разговарале за регионалниот развој на Западен Балкан и дијалогот меѓу Македонија и Бугарија.
-Ја потврдив нашата посветеност за градење доверба и активна соработка, напиша Петков.
Pleased to meet again with @OliverVarhelyi.
We have discussed regional developments in the Westen Balkans and the dialogue between 🇲🇰 & 🇧🇬. I have reconfirmed our commitment to building trust and active cooperation. pic.twitter.com/6scK4ASCei— Kiril Petkov (@KirilPetkov) April 26, 2022
Од неговиот кабинет попладнево соопштија дека Петков на средбата сл Вархељи ја потврдил желбата за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените политички прашања со земјава, имајќи ги предвид дека станува збор за теми што се чувствителни за Бугарија.
Петков истакнал и дека интензивирањето на секторската соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија придонесува за градење меѓусебна доверба и разбирање, соопшти Прес-центарот на бугарската Влада.
Од кабинетот на Радев соопштија дека европската перспектива за земјите од Западен Балкан била главна тема на разговорот меѓу бугарскиот претседател и еврокомесарот Вархељи.
Во текот на разговорот, шефот на бугарската држава го искажал ставот на Бугарија, кој доследно ги изразува очекувањата на Бугарија за активна посветеност на Република Северна Македонија за решавање на отворените прашања во односите меѓу двете земји и одржливо спроведување на критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ со што ќе се придвижи напред и процесот на европска интеграција за југозападен сосед, пренесуваат бугарските медиуми.
Комесарот за добрососедство и проширување на ЕУ во Софија присуствуваше на Форумот за односите меѓу Европската Унија и Балканот (EU meets Balkans) и во своето обраќање претходно изрази разочараност што запре пристапниот процес на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.
-Крајно сум разочаран што се уште разговараме за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија. Мислев дека ова прашање го решивме пред две години, но сега повторно се врати на масата. Тоа е пораката која повторно ја носам во Софија, бев овде пред три недели и ќе ми биде мило да доаѓам колку што е потребно за да го покренеме ова и да го завршиме во јуни оваа година. Затоа што војната ни покажа дека немаме време за губење. Не само време, туку немаме ниту интерес за губење повеќе време околу ова, рече Вархељи.
Бугарската шефица на дипломатијата нагласи дека услов за преговори со ЕУ останува вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ.
„Ова е услов што е втемелен во декларацијата на Националното собрание и одлуките на Советодавниот совет за национална безбедност. Така што за нас ова е услов што мора да го исполни Република Северна Македонија“ , рече Генчовска.
Нејзиниот колега од македонската дипломатија Бујар Османи нагласи дека Република Бугарија има стратешки интерес регионот да биде стабилен и европски.
-Се уште немаме решение за отворените прашања што би било прифатливо и за Бугарија и за Северна Македонија, изјави денеска во Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи на Регионалниот форум за односите меѓу Европската унија и Балканот (EU meets Balkans).
Еврокомесарот Вархеји по Софија, утре доаѓа во Скопје, во рамки на неговата турнеја низ регионот која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија.