Југословенска љубов: Милена Дравиќ и Драган Николиќ ги поврзал филм

2 mins read

Многумина велат дека таквите љубови никогаш не завршуваат и дека нивната сè уште живее низ сè што правеле и кажале еден за друг

Милена Дравиќ и Драган Николиќ ги поврзал филм. Тие се запознале на снимањето на „Horoskop“ во 1969 година, а две години подоцна, во последните денови од декември 1971 година, се венчале за време на снимањето на филмот „Kako su se volele dve budale“.

„Во Звездарска шума ја снимавме претставата на Душко Радовиќ – „Kako su se volele dve budale“. На паузата за ручек со Драган скокнавме до општина Врачар за да се венчаме. На пат кон општината ни се придружи Сека Саблиќ. Таа и Драган беа добри пријатели, се дружеа уште од ФДУ, каде беа во иста класа. Кога официјално станавме брачен пар, отидовме на ручек. Потоа се вративме во опсерваторијата во Звездара и продолживме со снимањето како ништо да не се случило. Интересно е што немаме никакви фотографии од свадбата, никој не нè фотографираше“, изјави во една прилика Милена.

Нивната љубов траеше цели 45 години, до смртта на Николиќ, која таа не ја преболи до последниот ден.
Драган секогаш зборуваше за Милена на посебен начин и се чинеше дека од ден на ден сè повеќе ја сака.

„Кога ѝ пријдов, имав впечаток дека е девојка од околината која ја познавам цел живот. Токму тоа е нејзината вистинска големина. Ме освои со својата непосредност и нормалност“, изјави покојниот Драган Николиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Локацијата го одзема здивот, 180.000 евра за билет за борбата на Мејведер

Следно

Барањата остануваат, КСС го прекина протестот поради притисоци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian