Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган најави дека земјата е подготвена да ги укине сите ковид-мерки, додавајќи дека носењето маски повеќе нема да биде задолжително во затворени простории, пренесува Ројтерс.
Говорејќи по последниот состанок на советодавниот научен совет, Ердоган рече дека маските сè уште ќе бидат задолжителни во јавниот транспорт и во медицинските установи додека дневните нови случаи не паднат под 1.000.
Турција претходно го укина условот за носење маски на отворено и во затворени области со добра вентилација.
Дневните ковид-случаи во Турција паднаа на под 3.000 во последните денови, од околу 15.000 на крајот на март. Тестовите се повеќе од преполовени во истиот период на околу 130.000 дневно.