Прославен до пред неколку недели, сега се грижи за работата. Имено, Лучано Спалети би можел да биде сменет на крајот од првенството во Италија и пласманот во Лигата на шампионите нема врска со тоа.
Според сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, главниот виновник за пропуштената нова шанса за титулата го гледа тренерот. Наполи имаше одлична ситуација, подобар распоред од ривалите, но во клучен дел од сезоната кога се решава борбата за Скудетото екипата освои само бод на последните три меча и сега може да паднат на четвртото место, иако не е важно дали ќе бидат трети или четврти.
По поразот од Емполи, за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговите соиграчи следеше карантин како казна до викендот кога на стадионот „Диего Армандо Марадона“ пристигнува незгодниот Сасуоло.
За Спалети сè уште ништо не е решено, предноста од девет бода пред Рома е доволна за да се завери Лигата на шампионите со уште четири бода од последните четири натпревари.
Кој би можел да го наследи Спалети? Се шпекулира името на Винченцо Италијано (сегашниот тренер на Фиорентина) Италијанец од Фиорентина, друга опција е досегашниот стратег на украинскиот Шахтјор Доњецк, Роберто Де Зерби, а кандидат е и Џан Пјеро Гасперини, пренесува „Гаѕета дело Спорт“.