Претседателот на Сојузот на средношколци Лука Павичевиќ во гостувањето на Сител се осврна на новата одлука на СОНК да го продолжи штрајкот во образованието и во текот на утрешниот ден:
-Ситуацијата без разлика дали одлуките се на СОНК или на МОН е на штета на ученциите. Вчера кога дознавме дека со владата е дојдено до некое решение, ние го поздравивме. Еве возрасните го слушнаа гласот на средношколците, учениците и децата и постигнаа компромис во име на децата, учениците и средношколците како главните и единствените корисници на образовниот систем, рече Павичевиќ.
Тој додава дека учениците со години бараат квалитетно образование кое во континуитет не го добиваат поради различни причини.
-Две години по ред Сојузот на средношколци континуирано бара поквалитен образовен систем имајќи ја во предвид пандимијата, продолжувањето на зимскиот распуст, штрајкот и слично континуирано и последователно бараме поквалитетна настава и бараме да ја добиваме наставата и таа насушната зошто имавме искуство од пандемијата каде воопшто не се одржуваше настава, рече лидерот на средношколците.
Според него сега е клучен период кога се земаат нови лекции за кои се добиваат завршните оценки.
-Како средношколци навистина не не интересира што преговараат СОНК и Министерството, но гледаме дека ние губиме од таа ситуација. Ги повикувам МОН и СОНК да најдат решение во интерес на средношколците. Доволно е да се уништи сон на едно дете за да пропаднеме како држава, систем, образование. Станува збор за три генерации кои континуирано ги уништуваме. Се што се случува во образованието мора да биде водено од интересот на детето, дециден е Павиќевиќ.