Ученик во основно училиште во Словенија случајно ранил врсник, откако кон него испукал со пиштол, потврди вчера полицијата која го истражувала случајот, но инцидентот не го смета за напад бидејќи процениле дека немало намера за пукањето.
13-годишен основец во Жужемберк на југот на земјата бил застрелан ненамерно поради невнимателно ракување со оружје, соопшти локалната полиција од Ново Место, каде повредениот бил пренесен во болница, каде што соопштија дека поминал со полесни повреди.
Пиштол од хрватско производство од 1990-тите
Се се случило во соблекувалната во салата на училиштето, пренесуваат словенечките медиуми.
Како што изјавија од полицијата, се работи за пиштол „хрватско производство“ од 90-тите години, калибар девет милиметри, а наводно му припаѓал на починат роднина на ученикот кој го донел на училиште, јавија словенечките медиуми.